Top Sport

Пеко Бањаја на пол-позицијата во Германија

Франческо „Пеко“ Бањаја продолжи со доминацијата на Германското ГП во Заксенринг, освојувајќи ја пол-позицијата за неделната трка пред акутелниот светски шампион Фабио Квартараро.

Откако постави нов рекорд на патеката на вториот и третиот тренинг, италијанскиот ас на Дукати, имаше време од 1:19.931 за своја трета пол-позиција оваа сезона.

Лидерот во генерален пласман, Квартараро со Јамаха во својот претпоследен „летечки“ круг постави време кое беше за само 0.076 секунди послабо од тоа на Бањаја, додека во првиот ред ќе стартува уште еден возач на Дукати, Жоан Зарко. Алеиш Еспархаро го предводи вториот ред со својата Априлија, пред дебитантот на Гресини, Фабио ди Џанантонио и Џек Милер во фабричкото Дукати, иако може да го очекува казна поради падот под жолти знамиња во четвртата тренинг-сесија.

Scroll to Top