Ред бул рејсинг потврдија дека го суспендирале тест-возач и член на нивниот јуниорски тим, Естонецот Јури Випс, откако тој користел расистички израз при играње на видео-играта „Кол оф дјути“.
21-годишниот Випс играл со својот колега од Формула 2 тимот на Ред бул, Лајам Лосон во игра која била пренесувана преку „Твич“, кога искористил израз „bitch nigg.r“.
„Ред бул рејсинг го суспендираат јуниорскиот возач Јури Випс од сите обврски со тимот додека трае истрагата. Ние имаме нула толеранција при користење на расистички изрази во нашата организација“, се вели во објавата на Ред бул.
Випс го возеше Формула 1 болидот на Ред бул првпат во кариерата на првиот тренинг пред Шпанското ГП минтиот викенд, а имаше и тест-сесии во 2020 и 2021. Тој е шампион од германскиот Формула 4 шампионат во 2017, а последните две сезони се трка во Формула 2 шампионатот.
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) June 21, 2022