Бразилецот Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен до 2027 година. Не затоа што раководството на „светците“ тоа го посакува во моментот, но бидејќи е договорено уште претходно, а ќе стапи на сила на 1.јули. Нејмар, според тој договор, ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2027 година.
Најугледниот француски весник „Л’Екип“ тврди дека Нејмар не размислува за заминување од Париз, меѓудругото и затоа што во моментот не постои друг клуб кој ќе му ја гарантира годишната плата од 40 милиони евра.
Доколку ПСЖ сака предвреме да го раскине овој нов договор, тогаш на Нејмар ќе треба да му исплати отштета од фантастични 130 милиони евра.
Сепак, и покрај ова, постојат одредени разговори на релација ПСЖ – Јувентус за Нејмар. Италијанскиот калчолигаш би сакал да го доведе во Торино, но како позајмен играч, а и доколку тој се сложи на драстично намалување на платата.