Бразилската ѕвезда на Лион, Лукас Пакуета мораше да оди на итна операција на својот прст добивајќи необична повреда додека летал змеј во својата татковина.
„Потсетете се дека и детските игри може да имаат свои последици. Денеска бев на летање змеј и го исеков мојот прст. Во ред сум, но за да избегнам проблеми со движењето на прстот во иднина, морам да одам на операција“, вели 24-годишниот поранешен фудбалер на Милан.
Ова е последна во низата на бизарни повреди на фудбалери. Оваа година, фудбалерот на англискиот Хартлпул, Марк Шелтон заврши во болница откако станал дезориентиран бидејќи турнал стапче за чистење уши предлабоко. Пред повеќе години пак, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд ги скина лигаментите во коленото играјќи Плејстејшн, а уште еден „ѓавол“, Крис Смолинг заврши во болница во Индонезија откако беше „боцнат“ од медуза.