Шариф О’Нил, синот на легендата Шекил О’Нил ќе игра за поранешниот клуб на неговиот татко, Лос Анџелес лејкерс во Летната лига на НБА, откако не беше избран на НБА драфтот.
Постариот О’Нил освои три НБА титули со Лејкерс од 2000 до 2002 година, а неговиот син, Шариф пред драфтот призна дека не се согласува со својот татко околу кошаркарската иднина.
„Тој не сакаше да влезам на драфтот и знам дека ќе му пречи да го кажам тоа, но двајцата сме возрасни и ќе му помине. Знам дека тој е НБА легенда, знам дека ми е татко, но морам да се обидам. Нема да ме сопре“, изјави 22-годишниот Шариф.
Шариф О’Нил ја почна својата колеџ-кариера во 2018/19 со УЦЛА, но мораше да престане привремено со кошарката поради проблеми со срцето. Сепак, тој ја одигра сезоната 2019/20 за УЦЛА, пред да се префрли во ЛСУ следната година. Минатата сезона тој имаше просек од 2.9 поени и 2.1 скокови во 14 меча, со просек од 9.2 минути на теренот.
?? THANK YOU FOR THIS OPPORTUNITY @Lakers ! pic.twitter.com/z0TeRVVGed
— Shareef O’Neal (@SSJreef) June 24, 2022