Ракометната репрезентација на Македонија на 2. јули ќе ги дознае противниците за Светското првенство кое на почетокот на следната 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се најдат во вториот шешир на ждрепката која е закажана за 2. јули.
Покрај Македонија во овој шешир се наоѓаат и Катар, Чешка, Белгија, Бразил, Португалија, Полска и Црна Гора. Тоа се селекциите кои Македонија нема да може да ги добие за противници.