Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија. Иако имаше гласини дека тој не е во плановите на новиот тренер Алекс Мумбру, сепак шпанскиот тим потврди дека Димитријевиќ останува во Валенсија.
Македонскиот репрезентативец дојде во Валенсија минатата сезона од Хувентуд.
Тој се мачеше и со повреди и немаше голема минутажа, но следната сезона ќе има нова шанса за докажување.