Барселона останува упорна околу потенцијалниот трансфер на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, откако споре шпанските медиуми веќе поготвиле трета понуда за Полјакот, овојпат од сума од 50 милиони евра.
Полските извори потврдуваат дека Барса има понуда од 40 милиони евра фиксно и дополнителни 10 милиони евра во бонуси и клаузули, но останува нејасно дали Баерн ќе го прифати ова, или ќе игра „остро“ со Каталонците, по шпекулациите дека сега сакаат 60 милиони.
Самиот Левандовски неколку пати изјавуваше дека „завршил“ со Баерн, барајќи од клубот да го пушти да замине на „Ноу Камп“. Иако наскоро ќе наполни 34 години, тој игра во најдобрата форма во кариерата – минатата сезона ја заврши со 35 гола во 34 меча во Бундеслигата и не пропушти ниту една минута поради повреда.
Според шпанските медиуми пак, иако се во финансиска криза, во Барселона се сигурни дека ќе имаат доволно пари за засилувања, по продажбата на процентот од нивната заработувачка од ТВ-правата. По Левандовски, главната цел е Жил Кунде од Севилја, кој ќе чини најмалку 60 милиони евра, а ако се заклучи договорот за трансферот на Френки де Јонг во Манчестер јунајтед, „наградата“ ќе биде обид да се донесе Бернардо Силва од Манчестер сити.