Top Sport

Папараците го претераа – Пике не можеше да влезе дома

Жерард Пике 2022 година дефинитивно нема да ја памети по убаво, по „крахот“ на неговата долгогодишна врска со колумбиската поп-дива Шакира и најавите дека од Барселона добил порака дека „не е потребен“ во новата сезона.

Секако, разводот од Шакира, со која има две деца, привлече огромно внимание кај шпанските медиуми и папараците постојано го следат дефанзивецот, кој овојпат ги загуби нервите, откако еден од репортерите не му дозволуваше да влезе во својот дом со своите деца.

Приватноста на јавните лица никогаш не е гарантирана, но сепак, потребна е одредена граница.

Scroll to Top