Top Sport

Тијаго Силва го кани Нејмар да дојде во Челси

Бразилецот Тијаго Силва го повика неговиот сонародник од ПСЖ, Нејмар, да ја прифати понудата на Челси и да си замине од францускиот првак.

„Нејмар мора да дојде во Челси. Ако навистина се случува тоа што го пишуваат медиумите, тогаш би било идеално да ни се придружи на „Стемфорд бриџ“. Тој би бил огромно засилување за нас“, изјави искусниот дефанзивец.

Француските медиуми најавуваат дека ПСЖ сака ова лето да го продаде Нејмар.

Scroll to Top