Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се приклучи на новиот тим, шкотскиот Абердин, на подготовките во Шпанија. Тој потпиша четиригодишен договор, а од вчера им се приклучи на соиграчите на Пиринеите. Таму ќе биде реализиран најголемиот дел од подготовките пред враќањето во Шкотска.
„Тој е тука“, објави Абердин на социјалните мрежи.
Абердин ќе ги реализира подготовките во Шпанија, а дотогаш треба да бидат средени сите детали за работната виза на Миовски.