Top Sport

Никола Серафимов се збогува со Залагерсег, но ќе остане во Унгарија

Maкедонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов го напушта Залагерсег, но ќе остане во Унгарија. Тој во наредните денови треба да го реализира трансферот во МОЛ Фехервар.

„Сакам да кажам – благодарам за се! Ова беше прекрасна авантура со одлични соиграчи, тренерски штаб и навивачи. Имам најубави спомени и ви посакувам среќа во иднина, сега дојде време за разделба“, објави Серафимов за периодот поминат во досегашниот клуб.

Тој имаше одлична сезона во дресот на Залагерсег, одигра 31 натпревар и постигна четири гола.

Scroll to Top