Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон, се согласи да се пресели во Тотенхем, тврдат медиумите на Островот. Се очекува тој летово да го напушти тимот од „Гудисон Парк“, откако Евертон е принуден да продаде една од своите ѕвезди за да ја подобри финансиската состојба.
Бразилецот наводно ги договорил сите услови со тимот од Лондон, имал разговор и со менаџерот Антонио Конте, а клубовите треба брзо да ги договорат и последните детали.
Минатата сезона бразилскиот фудбалер беше единствената светла точка на „карамелите“ во борбата за опстанок. И покрај тоа што Евертон ја заврши сезоната на 16. позиција во Премиер – лигата, Ришарлисон постигна 11 гола на 33 натпревари и додаде уште пет асистенции.