Стефанос Циципас со 6:2/6:3/7:5 го совлада Австралиецот Џордан Томпсон за да закаже супер-интересен меч во третото коло на Вимблдон, со уште еден Австралиец, Ник Кирјос, кој го „збриша“ Филип Крајиновиќ со 6:2/6:3/6:1 за само час и 26 минути игра во Лондон.
Кирјос, благодарение на фантастичниот сервис, доминираше во мечот од почеток до крај, и во исто време лесно создаваше брејк-топки на сервис на Србинот. По мечот, тој јасно им порача на скептиците меѓу публиката и на следните ривали.
„Само сакав да ги потсетм сите дека сум навистина добар тенисер. Не бев најдобар во првиот меч, но денеска бев во мојата зона. Вимблдон ми е најголемата шанса да освојам гренд слем, и го имав заокружено на календарот од почетокот на годината. Имам тешка жрепка, но ќе играм уште подобро“, изјави Кирјос.
"I just wanted to remind everyone that I'm pretty good"
See you in the third round, @NickKyrgios ?#Wimbledon pic.twitter.com/sTj5Y5NsLL
— Wimbledon (@Wimbledon) June 30, 2022