Top Sport

ФФМ го одложи почетокот на првенството во Првата МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи почетокот на првенство во Првата МФЛ за една недела, поради комплетирање на документацијата во процесот на лиценцирањето на клубовите за сезоната 2018/2019.

„Извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/19 од Прва МФЛ ќе се одржи на 01. август 2018. (среда) во 12:00 часот во „Куќа на фудбалот“.

Почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 се презакажува за 12. август 2018. (недела), поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона.

Сите клубови се поканети со свој претставник да го следат извлекувањето на паровите за натпреварувачката сезона 2018/2019 во Прва МФЛ“, стои во соопштението објавено на интернет страницата на ФФМ.

Инаку и оваа сезона во Првата МФЛ ќе се натпреваруваат 10 екипи: Шкендија, Вардар, Работнички, Шкупи, Ренова, Победа, Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП и Беласица.

Scroll to Top