Top Sport

Тудор главен кандидат за тренер на Марсеј

Хрватскиот тренер Игор Тудор е главен кандидат за тренер на француски Марсеј, пишуваат бројни француски медиуми.

„Веќе почнавме да работиме на наоѓање наследник на нашиот сегашен тренер Хорхе Сампаоли. Веруваме дека имаме квалитетни кандидати, а веќе ги завршивме првичните преговори“, изјави претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија.

Од друга страна, водечкиот француски спортски медиум „Лекип“, дополнително наведува дека прашањето околу новиот тренер на Марсеј ќе биде решено во понеделник и дека тоа треба да биде 44-годишниот Игор Тудор, кој наводно ќе потпише двегодишен договор.
Својата тренерска кариера Тудор ја започна во Хајдук, неговиот матичен клуб, каде работеше од 2013 до 2015 година, но и во текот на 2020 година.

Откако работеше во ПАОК, Карабукспор и Галатасарај, двапати беше тренер на Удинезе, потоа беше помошник тренер на Андреа Пирло во Јувентус, додека минатата сезона многу добро ја заврши работата во италијанскиот прволигаш Верона.

Минатата сезона, Марсеј заврши на второто место во француската Лига 1 и обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Scroll to Top