Top Sport

Тд’Ф: Хаотичната 16.етапа ја освои Алафилип

Жулијан Алафилип, од тимот „Квик Степ“ е победник на 16.етапа, на „Турд д’Франс“, кој во должина од 218 километри се возеше од Каракасон до Бенер ди Лишон. Сепак, планинската етапа ја обележа протестот на локалните фармери, поради што трката беше во прекун 30 минути, а бидејќи полицијата употребила солзавец за да ги растера фармерите, некои од велосипедистите побарале лекарска помош.

Домашниот натпреварувач Алафилип во целта пристигна со време 5:13.22 часа. Возачот на „Квик Степ“ го искористи падот на финалната нагорнина, на Британецот Адам Јејтс.

Алафилип ја забележа втората етапна победа на годинешното издание на „Тур д’Франс“, откако претходно беше најбрз и на 10.етапа.

foto: epa

Втор во целта влезе Шпанецот Горка Изагире од тимот „Бахреин Мерида“, со 15 секунди задоцнување зад победникот, додека на третото место заврши Јејтс од тимот „Мичелтон Скот“.

Британецот Џерант Томас заврши на 24.место, но и покрај тоа ја задржа жолтата маичка и водството во генералниот пласман. Тој има предност од една минута и 39 секунди предност во однос на колегата од тимот „Скај“, Крис Фрум.

Утре се вози 17.етапа од Банер ди Лишон до Сан Лари Сулан. Велосипедистите ќе возат 65 километри низ Пиринеите.

Фармери го блокирале Тд’Ф, полициски солзавец повредил велосипедисти (Фото)

Scroll to Top