Фудбалската федерација на Сиера Леоне (СЛФА) потврди дека ќе изврши истрага за мечевите од нивната втора лига, кои завршија со неверојатни победи од 95:0 и 91:1, во кои огромниот број голови „паднаа“ во второто полувреме.
Калхунла ренџерс со 95:0 ги совладале Лубембу јунајтед, иако на полувреме било само 2:0, додека Галф ФЦ стигнале до 91:1 победа над Кокима Лебанон, иако на полувреме било 7:1.
„Не можеме да дозволиме ваква засрамувачка ситуација да помине без казна. Истрагата е започната и тие кои ги прекршиле правилата ќе бидат казнети и пријавени на анти-корупциската комисија“, вели Томас Деди Брима, претседателот на СЛФА.
Претседателот на Кахунла ренџерс, Ерик Каител за скандалот ги обвини противниците.
„Сакам да се извинам на сите фудбалски фанови за овој резултат на мојот клуб Кахунла ренџерс. Го осудувам неспортското однесување на мојот тим и на другите тимови. Ќе има истрага и виновниците ќе бидат казнети“, изјави Каител.