Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос утре ќе се „судрат“ на „Централниот терен“ на Вимблдон во едно необично гренд слем финале, во кое Србинот ќе оди на одбрана на титулата и своја 21. гренд слем титула, а Австралиецот ќе се обиде својот несомнен талент да го круниса со прв голем трофеј.
Двајцата во минатото не беа во најпријателски односи, но тоа се смени во јануари оваа година кога Кирјос го бранеше Србинот по одлуката на Австралија да го депортира поради тоа што не е вакциниран против КОВИД-19. Кирјос вчера изјави дека сега „мразот е скршен“ и дека односите им се подобрени, а тоа можеше да се забележи и денеска кога двајцата се сретнаа на тренинг-терените во Лондон.
„Ти требаа пет години да кажеш нешто убаво за мене“, му довикна Ѓоковиќ на Кирјос.
„Вистина, другар, но те бранев кога беше најпотребно“, одговори Австралиецот.
„Вистина, и го ценам тоа“, му одговори Србинот.
Утре, на теренот, секако респектот ќе биде оставен на страна додека трае борбата за титулата.
Novak i Kirjos se susreli dan pred finale #Wimbledon. pic.twitter.com/ZylOP4SFT3
— Sport Klub (@sportklub) July 9, 2022