На натпреварот помеѓу Валор и Вондерерс во канадската Премиер лига, забележан е бизарен момент во кој напаѓачот Вилијам Акио со својата реакција спречи сигурен гол за својот тим.
Тој ја исфрли топката од гол-линијата. Алесандро Риџи требаше да биде стрелец за својот тим кога Акио сигурен гол го претвори во бизарна ситуација.
Збунети беа и коментаторите на натпреварот, како и публиката која не беше сигурна дали Акио сакаше да постигне гол или сакаше да ја шутне топката, мислејќи дека таа целосно ја мина гол-линијата. Тој беше заменет во 54. минута, а неговиот тим победи со 1:0 со гол од 84. минута.
The highest xG miss ever?pic.twitter.com/2WAVIc6Kco
— The xG Philosophy (@xGPhilosophy) July 10, 2022