Вториот дел од сезоната на Новак Ѓоковиќ се уште е во „магла“. Поради одлуката да не се вакцинира, како што стојат работите, ќе ја пропушти американската турнеја, Ју-ес опен, но и два Мастерси, Монтреал и Синсинати.
Ова можеше да го загрози неговиот настап на завршниот Мастерс во Торино, но едно правило кажува дека српскиот тенисер речиси сигурно ќе игра на турнирот на најдобрите светски играчи.
Познато е дека трката за Торино се одржува во текот на целата година и дека таму ќе играат осумте најдобри.
Но, доколку грен слем шампион во тековната сезона не биде меѓу осумте најдобри, учеството му е загарантирано, доколку сезоната ја заврши меѓу осмото и 20. место во АТП трката.
Доколку Новак го исполни овој услов, може го пропушти Мастерсот во Торино само доколку шампион на Ју-ес опен биде некој кој не е меѓу осумте најдобри, а на крајот има подобра позиција од Ѓоковиќ.
Во тој случај Ѓоковиќ би бил првата замена за завршниот Мастерс.
Секако дека Новак се уште има шанса редовно да го обезбеди местото што го заслужува. Моментално е 10. во АТП трката со 1.970 бодови.
Годинешното издание на АТП финалето во Торино е закажано од 13. до 20.ноември, а титулата ја брани Александар Зверев.