Top Sport

Манчестер Сити го задржува Родри уште пет години

Родри го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027 година, објави англискиот шампион. Шпанскиот играч од средниот ред му се приклучи на тимот на тренерот Пеп Гвардиола во 2019 година и оттогаш забележа 151 настап.

Тој се наметна како еден од столбовите во тимот и менаџерот инсистираше да добие нов договор со кој би останал уште долго на „Етихад“.

Манчестер Сити ова лето се засили со Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез во нападот, а Рахим Стерлинг е пред трансфер во Челси. Клубот го напушти Габриел Жесус кој сега е член на Арсенал.

Scroll to Top