Шампионот на Македонија, Шкупи, имаше неочекувано тежок реванш против првакот на Гибралтар, Линколн. Фудбалерите на Гоце Седлоски, синоќа, во Гибралтар беа поразени со 2:0. Пласман во второто коло во Лигата на шампионите изборија благодарение на победата од 3:0 во Скопје.
„Во целата моја кариера како фудбалер или тренер ова за мене беше највозбудливиот натпревар, иако имавме голема предност знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои работи што се случија пред мечот. Честитки за моите фудбалери кои покажаа карактер и храброст на теренот. Головите произлегоа од нашите грешки. Секогаш е тешко да се игра против противници за кои сите мислат дека се лесни, изјави Седлоски по натпреварот.
Шкупи, во второто коло за противник ќе го има Динамо Загреб.
Извор/ facebook.com/fcshkupi1927