Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова ќе биде единствената наша претставничка во дисциплината маратон на Светското првенство за сениори.
На атлетскиот мундијал ќе учествуваат 1.900 натпреварувачи од 190 држави во светот, а Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на маратонската трка, во конкуренција на 48 натпреварувачки.
Атлетичарката на АК Делта замина за Соединетите Американски Држави заедно со својот тренер Димитар Петровски.
Маратонската трка е предвидена за 18 јули со старт во 15:15 часот, по македонско време.