Тоа што неодамна го искажа со зборови, Роберт Левандовски сега го потврдува и со своите постапки на тренинзите на Баерн Минхен. Едноставно нема веќе мотиви да остане на „Алијанц арена“ и да игра за Баерн.
„Говорот на неговото тело покажува дека сака да си замине. Прво задоцни на собирот, а потоа се појави последен на тренингот. Последен почна и си вежбите. Ги одработи, но беше отсутен. Тој едвај разговараше со соиграчите. Единствениот со кој разговараше беше Леон Горецка. Тој немаше контакт со тренерот Јулијан Нагелсман. Тие не разговараа. Кога Нагелсман одржа говор, Левандовски изгледаше незаинтересирано. Застана настрана и гледаше наоколу. На првиот меѓусебен натпревар беше во првиот тим, но не сакаше да трча по топката и не постигнуваше голови. Неговиот тим загуби и мораа да прават склекови. Правеа сите, освен Роберт Левандовски”, пишува „Билд“.
Левандовски експресно го напуштил тренинг центарот само 22 минути по завршување на тренингот, пред сите негови соиграчи. Неговиот гест убедливо покажува колку не сака да остане во клубот.