Јувентус ги започна преговорите со Виљареал за потписот на Пау Торес. „Старата дама“ за потписот на шпанскиот репрезентативец ќе се бори со актуелниот англиски шампион, Манчестер сити.
25-годишниот дефанзивец сака да го напушти Виљареал и да направи нов чекор во кариерата, а Јувентус е последниот во низата тимови кои покажаа интерес за него.
Како што пренесува Еуроспорт, управата на „жолтата подморница“ е подготвена да го продаде својот играч за околу 50.000.000 евра, што во моментов е пет до десет милиони евра повеќе од цената што Јувентус е подготвен да ја понуди.
„Бјанконерите“ се уште не можат да испратат официјална понуда додека не го комплетираат трансферот на Матијас де Лихт во Баерн. Таа работа сега е се поизвесна по заминувањето на Левандовски во Барселона.
Медиумите пренесуваат дека и Манчестер сити сака во своите редови да го доведе шпанскиот дефанзивец. Инаку, покрај Пау Торес, Сити се заинтересирани за уште еден Шпанец, Кукуреља кој имаше брилијантна сезона во Брајтон.