Младата ракометна репрезентација на Македонија, со нерешен резултат, против Украина, го започна Европското првенство за играчи до 20 години.
Македонија, со голот на Шулески постигнат на пет секунди до крајот на мечот избори 23:23 против Украина.
Младите македонски ракометари успеаја да се врата во мечот, откако во втората половина од вториот дел имаа минус од пет гола (15:20).
Македонија, во второто коло, утре ќе игра против Косово (18 часот), а потоа следуваат дуелите со Романија и Швајцарија на 20. и 21.јули.