Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе размисли за продажба на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас само доколку добие понуда вредна 40 милиони евра, откриваат медиумите на Апенините. Милан е сериозно заинтересиран за Елмас и наводно пред два дена испратил понуда од 35 милиони евра.
Сепак, тоа нема да биде доволно за реализација на трансферот затоа што „наполитанците“ сакаат поголема отштета за Македонецот.
Наполи го купи Елиф Елмас од Фенербахче за 16 милиони евра, а тој има договор до јуни 2025 година.