Top Sport

Палота: Ќе добијат прошка само ако ни го дадат Меси

Претседателот на Рома, Џејмс Палота, искрено проговори за нереализираниот трансфер на Бразиелцот Малком, кој иако договори соработка со „волчицата“, реши да ја прифати понудата на Барселона.

Во Рома не кријат дека се лути на колегите од Барселона и дека ќе бараат правна разрешница на целиот случај.

„Нема никаква етика во она што го направи Барселона. Добивме правни совети и луѓето од Бордо ќе бидат повикани да сведочат. Вчера од Барселона упатија извинување, но ние не го прифативме. Ќе им опростиме ако ни го дадат Меси“, рекол Палота, кој истакнал дека во иднина сепак ќе клубот ќе соработува со Каталонците.

„Секако дека ќе соработуваме со нив. Па тие се поголем клуб од нас“, дополнил Палота.

Како Барса им го „грабна“ Малком на Рома?

Scroll to Top