Top Sport

Прво обраќање на Фергусон по мозочниот удар и операцијата (Видео)

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, упатил благодарност до персоналот во болницата кои се грижел за него по операцијата што му беше била извршена поради мозчниот удар, што го доживеа во мај годинава.

Манчестер јунајтед објави видео снимка на која Фергусон најавува дека во текот на сезоната ќе се врати и на „Олд Трафорд“ за да го гледа тимот.

„Здраво. Ова е една брза порака. Сакам да му се заблагодарам на медицинскиот персонал за грижата што ја покажаа кон мене. Верувајте без тие луѓе и нивната грижа денес немаше да седам тука. Ви благодарам во мое и во името на моето семејство“, рекол сер Алекс и дополнил:

„Им благодарам на луѓето ширум светот за нивните пораки на поддршка. На крајот, ќе се вратам во текот на сезоната за да го гледам тимот. Им посакувам се најдобро на Жозе и фудбалерите“, вели Фергусон во својата порака.

Scroll to Top