Top Sport

Американецот Смит ќе добие хрватски пасош

Долги години Хрватите веруваа во своите кошаркари, на крајот лошите резултати ги натераа челнците на Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС) да натурализира странец пред Евробаскетот.

Претходните години, претседателот на Стручниот совет на ХКС, Дино Раѓа, се спротивстави на внесување странец во репрезентацијата, кој неодамна со одлука на Управниот одбор беше разрешен од должноста.

Паѓа беше разрешен од функцијата откако Хрватска не успеа да се пласира во втората фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Хрватски пасош ќе добие 27-годишниот Американец Џејлен Смит (193 см). Минатата сезона тој играше во Алба Берлин, а според најавите во новата сезона ќе го носи дресот на Фенербахче.

Смит беше клучен играч во решавачкиот натпревар во финалето на германската Бундес лига во кое ја предводеше Алба до победата над Баерн со 23 поени. Во Евролигата имаше просек од 8,3 поени со 2,3 асистенции и 2,2 скока по натпревар.

Scroll to Top