Top Sport

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на чуден начин го најави дебито на Ерлинг Халанд на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.

„Ерлинг ќе дебитира против Баерн, освен ако не падне од кревет и го скрши глуждот“, изјави Пеп Гвардиола, посочувајќи дека Норвежанецот е подготвен за настап.

Манчестер Сити пред три дена ја совлада Клуб Америка со 2-1, со двата гола на Де Брајне, а Халанд остана на клупата за резерви.

Scroll to Top