Реал Мадрид ќе го „врзе“ и третиот член од бразилското трио од кое очекува многу во иднина. Винисиус Жуниор веќе потпиша договор до 2027 година, Родриго се обврза на верност до 2028 година, а истото се очекува и од Едер Милитао.
Дефанзивецот ќе потпише нов шестгодишен договор со „кралевите“, според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона со одредени бонуси, двојно повеќе од досега. Откупната клаузула во неговиот договор ќе изнесува 500 милиони евра.
Милитао пристигна во Мадрид во летото 2019 година од Порто и за него беа платени 50 милиони евра отштета.