Top Sport

Динамо Загреб оствари убедлива победа пред реваншот со Шкупи

Хрватскиот првак Динамо Загреб го победи Славен Белупо на гости со 1:5 во второто коло од шампионатот. „Модрите“ во победничко расположение ќе патуваат за Скопје, каде во вторник го играат реванш мечот од квалификациите за ЛШ против Шкупи. Првиот меч на „Максимир“ заврши 2:2.

Славен Белупо поведе од пенал во втората минута со голот на Марио Марина, но Динамо брзо го даде одговорот.

Мартин Батурина израмни во седмата минута, а Мислав Оршиќ се погрижи за пресврт во 15. минута. Пет минути подоцна Јосип Дрмиќ зголеми на 1:3, а во второто полувреме погодиja и Јосип Мишиќ и Дарио Шпикиќ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');