Top Sport

Борбата најавена како спектакл траеше само 16 секунди

Најновата акција на УФЦ, се одржа пред преполните трибини во лондонската „О2 арена“. Сепак навивачите не можеа да уживаат во главната борба, бидејќи нивниот миленик Том Аспинал беше принуден да се повлече поради повреда по само 16 секунди.

Победата во главната борба на вечерта, борбата во тешка категорија, му припадна на Американецот Куртис Блејдс со технички нокаут, поради повредата на коленото на Аспинол.

Ова е прв пораз во кариерата на Аспинал во УФЦ по пет победи во низа, тој има 12-3 во кариерата, додека Блејдс е се поблиску да стане предизвикувач за шампионскиот појас. На последните осум меча победи седум пати и сега е во професионалната кариера има скор 17-3.

По борбата, Блејдс го посети Аспинал во болница, кој се огласи на Инстаграм.

„Пиво ќе расположи секого. Каков човек, големиот Кертис и неговиот тим дојдоа да се поздрават. За жал, страшни повреди како оваа се случуваат, минатата ноќ не беше моја ноќ“.

Scroll to Top