МЗТ Скопје е еден од четирите нови тима што во сезоната 2018/2019 ќе се натпреваруваат во АБА2 лигата.
Покрај МЗТ, нови имиња се Хелиос Домажале (Словенија), Спарс Сараево (Босна и Херцеговина) и Сутјеска (Црна Гора).
„По првата сезона на АБА 2 лигата, која беше успешна и која значително придонесе за напредокот на кошаркарските тимови во регионот, 12 екипи се подготвени да ја започнат новата сезона“, се наведува во соопштението на АБА лигата.
Покрај дебитантите, во АБА2 ќе се натпреваруваат и тимовите што беа дел од лигата и во минатата сезона: Борац, Динамик, Вршац (Србија), Ловќен 1947 (Црна Гора), Приморска (Словенија), Рогашка, Сплит (Хрватска) и Зринњски (Босна и Херцеговина).
АБА објави дека во Втората лигата ќе има измена системот на натпреварување, бидеќи нема да се игра Фајнал-фоур турнир, туку победникот ќе се добие преку пеј-офот.
Сезоната ќе започне ан 27.септември и ќе трае до 13.март 2019 година.