Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, тимот на ЖРК Куманово, денеска ја именуваше Драгана Ристова за нов тренер. Таа со успех го водеше ЖРК Вардар минатата сезона, а сега се нафати на нов предизвик.
Со Ристова во стручниот штаб уште ќе работат и Сашо Божиновски како тренер на голмани, Славиша Димитријески – асистент тренер и Воја Ангеловски – физиотерапевт).
Драгана Ристова е поранешна репрезентативка на Македонија и настапуваше за РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица, а играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.
Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар. 39-годишната Ристова е носител на мастер тренерска лиценца.
ЖРК Куманово за противник во квалификациите на ЕХФ Купот го доби тимот на Макаби Аразим од Израел.