Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучерс турнирот, кој се одржува во Котингбрун, Австрија.
Калин во првото коло го совлада италијанскиот тенисер Фаусто Табачо со 2-1 во сетови. Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, но потоа ја подобри својата игра и ги освои следните два.
На ривалот му дозволи само шест гема, по три во секој сет и славеше со 6:3, 6:3. Следен противник на македонскиот тенисер ќе биде Италијанецот Андреа Гуериери.