Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото коло на ВТА турнирот во Коденонс, Италија, кој се игра за награден фонд од 60.000 американски долари. По одличниот настап на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка, Ѓорческа немаше многу време за одмор и се чини дека тоа беше пресудно за овој пораз.
Македонската тенисерка загуби во три сета од седмата носителка Катарина Герлах од Германија.
Првиот сет го доби Германката со 6:2, Лина Ѓорческа успеа да возврати во вториот и го доби со 4:6, но на крајот сепак славеше Катарина Герлах со 6:3 во гемови во третиот сет.