Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен e промовиран во дресот на Манчестер Јунајтед. Неговата неверојатна приказна откако пред една година колабира на меч од Европското првенство, а потоа се бореше за враќање на фудбалот, продолжува со трансфер на „Олд Трафорд“. Претходно шест месеци играше за Брентфорд за Премиерлигата.
„Да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед е навистина нешто посебно. Пред да се случи инцидентот на ЕП, воопшто не размислував да се вратам во Премиерлигата. А сега еве ме овде, во најголемиот клуб на светот. За тоа голема улога одигра и Ерик тен Хаг. Дојдов зашто сакам да играм фудбал, разговорите со него за фудбалот и идеите што ги има, влијаеја многу на мојата одлука да дојдам во Манчестер Јунајтед“, изјави Ериксен.
An artist on the pitch ✨@ChrisEriksen8 is here and we could not be prouder to have him ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 26, 2022