Top Sport

Чачиќ: Шкупи беше тежок ривал, но ние заслужено одиме понатаму

Динамо Загреб успеа да го елиминира Шкупи и се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако на арената во Скопје го совлада со 0:1. Аријан Адеми беше човек на одлука, со голот во 47.минута.

Тренерот Анте Чачиќ признава дека Динамо Загреб имал тешки дуели со Шкупи, но вели дека на крајот заслужено оди понатаму.

„Беа тешки натпревари, а ние имаме притисок да одиме далеку во Европа. Имаше одлична атмосфера во Скопје и Шкупи беше цврст ривал. Сепак, ние бевме подобри и победивме со голот на Адеми. Капитенот уште еднаш се покажа како „икс фактор“ за нас. Сега не чекаат нови тешки дуели со Лудогорец“, изјави Анте Чачиќ на прес – конференцијата по мечот во Скопје.

Scroll to Top