Англискиот првак Манчестер Сити планира да испрати нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Марк Кукуреља. Првиот предлог на „граѓаните“ од 32 милиони фунти бил одбиен, но тие не се откажуваат од намерата да го купат овој фудбалер.
Пеп Гвардиола размислува да испрати нова, повисока понуда за левиот бек на Брајтон.
Откако Сити пред неколку дена го продаде Олександр Зинченко на Арсенал, на тимот итно му е потребен нов играч на левата страна во одбраната.