Top Sport

Претседателот на Торино по тепачката уверува: Јуриќ и Вањати работат синхронизирано

Претседателот на Торино, Урбано Каиро инсистира дека тренерот Иван Јуриќ и спортскиот директор Давиде Вањати работат „синхронизирано“, откако двајцата беа фатени во неверојатна тепачка која стана вирална на социјалните мрежи.

Расправијата, која започна со навреди, на крајот премина во физичка пресметка, и само присуството на уште еден човек од тренерскиот тим спречи да има поголеми последици. Вањати за „Скај Спорт Италија“ вчера изјави дека двајцата разговарале и на крајот се „гушнале“, а Каиро сега уверува дека нема проблеми во тимот.

„Двајцата разговараа, го расчистија воздухот и се смирија и сега продолжуваат да работат синхронозирано, нема што друго да се додаде“, изјави Каиро.

Италијанските медиуми, пак, тврдат дека има уште многу нејасни работи околу инцидентот, како тоа кој го објави видеото кое беше снимено од хотелска соба од тренинг-кампот на тимот во Австрија. Вањати исто така беше забележан како му вреска на Јуриќ дека тој бил единствениот кој го бранел кај „тој серко“, што се толкува дека се однесува токму на претседателот Каиро.

Јуриќ, пак, уште јавно не проговорил за инцидентот и според италијанските медиуми е разочаран од слабата активност во текот на преодниот рок.

Член на стручниот штаб спречил тепачка помеѓу тренерот Јуриќ и спортскиот директор

Scroll to Top