Top Sport

Арсенал со партнерство со Јутјуб ѕвездите КСИ и Логан Пол

Арсенал го потврдија новото партнерство со „ПРИМЕ“, брендот на пијачка која ја формираа Јутјуб сензациите, КСИ и Логан Пол. Според „топчиите“ ова ќе биде нивна „официјална пијачка за хидрација“ и ќе биде достапна на играчите и на фановите на „Емирати“ почнувајќи од овој викенд.

Олатиде Олатунџи, попознат како КСИ е навивач на Арсенал од детството и објави дека партнерството за него е остваарување на сонот.

„Искрено, уште не ми се верува, ова е нешто за што сонував од моето детство. Кога ги гледав Арсенал како ја растураат Премиерлигата на почетокот на 2000, не можев да замислам дека ќе имам ваква врска со тимот за кој навивам“, вели КСИ.

Логан Пол и КСИ, кои направија име преку своите Јутјуб канали, во минатото беа ривали и двапати се сретнаа во боксерскиот ринг, пред во јануари да ја формираат компанијата „ПРИМЕ“. Инаку, првиот меч заврши нерешено, а в вториот КСИ победи на поени.

Scroll to Top