Top Sport

Клер Вилијамс: Ни Хамилтон не би можел да ни помогне

Шефот на Вилијамс, тимот што се натпреварува во шампионатот на Формула 1, Клер Вилијамс, рекла дека тимот лошо ја завршил својата работа кога го подготвувал болидот за оваа сезона.

Клер Вилијамс со оваа своја изјава под своја заштита ги стави двајцата млади возачи Ленс Строл и Сергеј Сироткин. Медиумите, пред почетокот, токму поради изборот на неискусни возачи најмногу ј критикуваа шефицата на Вилијамс.

„Ставете го Луис (Хамилтон) во нашето возило и не сум сигурна дека би успеал да направи разлика. Жач ми е за Ленс и Сергеј. Нивниот болид навистина нема добри перформанси. Тие се млади, а најчесто тие се критикувани што не е праведно. Седнавме и си признавме дека лошо ја завршивме нашата работа“, рекла Вилијамс.

Екипата на Вилиајмс оваа сезона има освоено само четири бода во шампионатот на Формула 1, кога на трката за Големата награда на Аџербејџан, Строл го освои осмото место.

Scroll to Top