Роберт Левандовски, очигледно, не си замина од Баерн Минхен на многу пријателски начин, откако јавната битка со Баварците продолжи и по неговиот трансфер во Барселона.
Полјакот беше упорен во барањето да биде продаден од бундеслигашот, остварувајќи го сонот да заигра за Барселона, но уште не заборави на Баварците, откако вчера во интервју за „ЕСПН“ го обвини Баерн дека ширеле лаги за него и креирале атмосфера во која тој би бил претставен како злосторник пред фановите на германскиот клуб.
Баерн одговорија бргу, откако спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ порача дека сака да разговара со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откако тој му се заблагодари н Левандовски за „напорите“ кои ги направил да се оствари трансферот.
„Баерн не прифаќа такви обвинувања дека сме ширеле лаги. Не го сфаќам Левандовски. Мојот татко секогаш ме учеше дека кога ќе заминеш, не ја затвaрај вратата со својот задник. Роберт го прави токму тоа“, изјави Салихамиџиќ за „Билд“.