Баерн Минхен е подготвен да го продаде францускиот интернационалец Бењамин Павар кој искажа незадоволство од својот статус во шампионот на Германија. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ го понуди дефанзивецот на фудбалскиот маркет, а заинтересираност покажаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Ерик тен Хаг сака ново име со оглед дека Ван-Бисака е пред заминување од „Олд Трафорд“, а и Карло Анчелоти би довел нов десен бек како конкуренција за Дани Карвахал.
Павар може да игра и како централен дефанзивец, па тоа им дава и дополнителни опции со него на заинтересираните клубови.