Премиерлигашките клубови сакаат да сопрат со клечењето пред секој меч оваа сезона, откако капитените на 20-те клуба се согласиле дека гестот веќе не ја носи „тежината“ како во минатото, јавуваат англиските медиуми. На состанокот на капитените минатиот четврток било согласено да се клечи само пред одредени мечеви оваа сезона, тврди „Дејли мејл“. Премиерлигата ќе се согласи со одлуката која ќе ја донесат капитените.
Гестот беше воведен за да се поддржи движењето Black Lives Matter и се обрне внимание на расизмот во фудбалот, и е дел од програмата на Премиерлигата од јуни 2020. Минатото лето, клубовите одлучија да продолжат со гестот во сезоната 2021/22 како „симбол на единствено против сите форми на расизам“.