Диого Жота потпиша нов петгодишен договор со англискиот премиерлигаш Ливерпул кој го награди неговото импресивно влијание откако пристигна од Вулверхемптон во 2020 година.
Португалскиот репрезентативец имаше уште две години од петгодишниот договор што го потпиша по неговиот трансфер вреден 45 милиони фунти. Сепак, раководството на Ливерпул му понуди нова соработка со подобрени лични услови до 2027 година.
„Многу сум горд што го носам дресот на Ливерпул и среќен сум што соработката ќе продолжи и во наредните години. Верувам дека заедно ќе оствариме нови успеси“. изјави Диого Жота.
Жота постигна 34 гола на 85 настапи за Ливерпул, а неговата разновидност во навалната линија се покажа како одлична опција за менаџерот Јирген Клоп.
We are delighted to announce that @DiogoJota18 has signed a new long-term contract with the Reds ??
— Liverpool FC (@LFC) August 2, 2022