Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон е нов ко-сопственик на НФЛ клубот, Денвер бронкос, откако стана дел од преземањето на трикратните Супербол шампиони од страна на Волтон-Пенер семејството.
„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на седумкратниот Ф1 шампион Сер Алекс Фергусон како дел од нашата сопственичка групација. Тој е шампион кој знае што значи да се биде лидер на победнички тим и во исто време да се биде поборник на глобална еднаквост“, се вели во објавата на Роб Волтон во име на групацијата.
Волтон, кој е претседател на ланецот супермаркети „Волмарт“, ќе го купи Бронкос за 4.65 милијарди долари доколку продажбата биде одобрена од финансискиот комитет на НФЛ лигата. Ова е највисока сума која ќе биде платена за еден американски спортски тим.
“We're delighted to welcome Seven-Time Formula One World Champion Sir @LewisHamilton to our ownership group. He is a champion competitor who knows what it takes to lead a winning team.”
Statement from Rob Walton on behalf of the Walton-Penner Family Ownership Group: pic.twitter.com/kl2z04lKyk
— Denver Broncos (@Broncos) August 2, 2022